Практичен пример, што се случува кога младите ќе пораснат без знаење и што во иднина ќе значи укинувањето на екстерното тестирање во Македонија, кое беше прв чекор на новата влада на СДСМ.
На денешната прес-конференција кандидатот за советник од редовите на СДСМ Прилеп, Ивона Кузмановиќ, истакна дека “Денот на народното востание – 11 Октомври”, започнал на 11 Октомври 1944 година. Според СДСМ народно ослободителната борба за градот траела нецел месец, знаејќи дека Прилеп е ослободен на 3 ноември 1944 година.
“Денес, во очи празникот 11ти октомври, оддаваме почит на сите кои на тој ден 1944 година го започнаа ослободувањето на Прилеп, а го завршија на 3ти ноември истата година”, истакна Кузмановиќ на денешната прес-конференција.
Вакво незнаење е вистински срам за млади луѓе, кои се претставуваат како интелектуалци и се вреднуваат себе си за репер во средината во која живеат.
Во прилог на ова денешно бламирање пред јавноста ќе потесетиме и на ветувањето “за подобар живот” на СДСМ, кое гласеше дека ќе ги намалат предметите во училиштата, а со тоа ќе ги ослободат учениците од оптовареност со наставни содржини. (погледнете повеќе на следниот ЛИНК)
Инаку денеска и утре со богата програма во Прилеп се одбележува празникот кој е на рамниште со “Денот на независноста 8 Септември”. На 11 Октомври 1941 година со нападот на бугарската полициска станица од страна на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ започнало антифашистичкото народно востание против окупаторската власт, за на 3 ноември 1944 година градот да биде целосно ослободен.
А/Г/