Еден од поголемите капитални проекти, крстосница со кружен тек над градската река кај мостот “Табана”, кој требаше да придонесе за да се зголеми безбедноста, проточноста и ефикасноста во сообраќајот, според предвиденото од претходната локална власт, и официјално е откажан од општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски.
На прашањето од координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, до каде е имплементацијата на овој проект, градоначалникот испратил скандалозен одговор.
Имено, според она што го пишува во одговорот, Јованоски наводно се консултирал со експерти од областа на сообраќајот и професори и заклучил дека изградбата на овој проект за кој средствата беа обезбедени од Светската банка, само ќе го подобрел изгледот на градот и немало да биде соодветно сообраќајно решение.
Наместо да се зафати со работа и да продолжи со реализацијата на еден ваков значаен капитален проект, кој е неопходен за овој дел од градот и за чија потреба граѓаните едноставно молат, Јованоски се занимава со изнаоѓање на алиби за своето неработање.
Иако доскорешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, во предизборниот период за локалните избори минатата година најави дека средствата се обезбедени од Светската банка и дека проектот е со рок на реализација 2018-2019 година, за новиот градоначалник тоа е крупен залак.
Вредноста на проектот требаше да изнесува околу 2 милиони евра, со три години грејс период и рок на отплата од 10 години. Кредитот вклучуваше и енормно ниска камата која беше доста поволна за општината, а после завршувањето на проектот, општината требаше да добие ГРАНТ во вредност од 500.000 евра за успешно завршување на проект.
На таков начин Прилеп ќе добиеше средства за финансирање на друг капитален проект што ќе беше од огромно значење за градот.
Да резимираме! Овој поволен кредит кој веќе беше прифатен од страна на Светска банка, кој заедно со грантот ќе решеа два капитални проекти во интерес на прилепчани, Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски го откажа како непотребен.
Потсетуваме дека во проектотот беа предвидени:
-реконструкција на дел од улицата “11-ти Октомври”, на потегот од кружниот тек Солидност до фурната Плетварец
-кружен тек кој требаше да се направи со проширување на мостот Табана, со што комплетно ќе се растеретеше сообраќајот во овој дел од градот.
-предвидени беа 4 ленти со зелен појас во средината, со ново енергетско ефикасно осветлување, нови тротоарни површини и велосипедски патеки
Со ова градот ќе добиеше комплетна булеварска улица “11-ти Oктомври” и со булеварско решение ќе го решеше целиот потег од влезот кај бензиската пумпa Лук Оил до центарот на градот, како што доликува на еден град кој тежнее да заличи на урбана европска средина.
Како требаше да изгледа овој кружен тек погледнете во продолжение:
Се уште не е јасно кој го консултирал Градоначалникот за ваквата срамна и штетна постапка? Зошто не се консултираше со народот кога ја поскапи цената на водата,а го лажеше дека ќе поевтини 20%? Зошто не се консултира со народот ДАЛИ ПРИЛЕП ТРЕБА ДА Е ДВОЈАЗИЧЕН?? За жал поминаа 5 месеци и освен 300 избркани од работа и хаос во градот ништо од новиот живот!?