БРУКА: ”Две професорки по македонски јазик гласаа за ДВОЈАЗИЧНА Македонија!”

Не стивнуваат реакциите после донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Врие по социјалните мрежи, а врие и ширум целата држава.

Граѓаните излегуваат на улиците и маршираат за повлекување на Законот.

Пратениците од СДСМ кои го поддржаа донесувањето на Законот изминатите денови ги поминаа дома, а според она што го објавуваат граѓаните по социјалните мрежи, силно полициско обезбедување ги чува нивните домови.

Најголемата иронија се чини е тоа што професори по македонски јазик гласаа “ЗА” и го бранеа донесувањето на Законот кој ја подели Македонија.

Откако во јавноста се прошири видеото на пратеничката Славица Шуманска Митева, која жестоко го бранеше законот во првата фаза од неговото донесување, на социјалните мрежи се прошири и фотографијата на пратеничката Лидија Тасевска од Куманово, која исто како и Шуманска е професорка по Македонски јазик по професија и го поддржа носењето на овој Закон.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.