БРУКА: ”Ако пееш за УЧК, добиваш субвенции?! За македонскиот јазик 0 денaри за две години?!”

,,Виган Максути е албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех. Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети. Од 2013 година како 7 годишен ученик учествува на детскиот фестивал “Блејат”, каде што ја освоил третата награда со песната “Мојата баба”- е информацијата која може да се најде за ова веќе 12-годишно момче од Тетово. Во 2014 година за него е направен првиот видео запис во замокот Селра, за песната со наслов “Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освои втората награда на Детскиот фестивал со песната “Со песни што ќе кажам”, пишува порталот Ако.мк

За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-Исмет Јашари-Куманова, додаваат во написот од Ако.мк

Здружението Виган за проектот што го носи истоимениот наслов како песната ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе-300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното – пишуваат од Ако.

Според ова што може да се види, проектот за кој се доделени државни пари е од областа на камерната музика.

Но, од порталот дознаваат и дека Виган од Тетово има добиено субвенција по уште една основа:

Од Ако.мк побарале и одговор од советникот на министерот за култура Петрит Сарачини кој бил недостапен, а на телефонот на Раководителот на одд. за односи со јавност никој не се јавувал.

Споре информацијата Министерството за култура дава пари за се’ и сешто, но не и за она за што најмногу треба.

Во програмата на министерството нема предвидено ниту денар за заштита и унапредување на македонскиот јазик во следните 2 години.

За оваа намена се предвидени 0 денари!!!

Вчера медиумите објавија и дека во програмата на ова министерство за 2018 година предвидени се и средства за одржување на геј парада во Скопје.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.