Овој колач со чоколадо е лесен, вкусен и евтин за подготовка, а сите ќе уживаат во комбинацијата на портокал и чоколадо.
Состојки:
250 мл. јогурт, 100 мл. масло, 100мл. млеко, 3-4 лажички шеќер, 7 лажички брашно, 3 лажички какао во прав, 1 прашок пециво, 200мл. сок од портокал за преливање.
Фил:
800мл. млеко, 3 пудинзи од чоколадо, 5 лажички шеќер, 150 гр. чоколадо.
Подготовка:
Во сад ставете го јогуртот, маслото и млекото, додадете шеќер и ванилин шеќер, промешајте и додадете ги брашното и какаото.
Смесата ставете ја во премачкан плех за печење и печете околу 25 минути во рерна загреана на 200 степени.
Додека колачот се пече припремете го пудингот, кога ќе го приготвите додадете го чоколадото во него и мешајте додека да се растопи.
Од рерната извадете ја кората и прелијте ја со сокот од портокал, кога ќе се впие сокот ставете го филот и добро распоредете го.
Оставете го колачот да се излади, а потоа послужете.
ПРИЈАТНО!