Велат дека љубовта меѓу брат и сестра е нешто нераскинливо, а видеото кое ќе го погледнете во продолжение е уште една потврда за тоа.
Девојче се натпреваруваше во боречки вештини, а нејзиниот помлад брат беше особено заштитнички настроен кон неа.
Гледајќи дека таа се бори, тој мислеше дека неговата сестра се наоѓа во опасност и дека некој ја тепа, па побрза да стигне до неа и да и помогне.
Толку беше брз што успеа, пред да го тргнат, да стигне до противникот на неговата сестра и да го „нападне“.