БОМБА: “Добивате 30 % поскапа вода за ПРИЛЕП?! Вака ли дојде животот…!?”

Прилепчани ќе пијат за 30 % поскапа вода за пиење, стои во  Решението за утврдување на тарифи за водни услуги донесено од Регулаторната комисија на Република Македонија за ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Според решението донесено на седница одржана на 24.11.2017, а објавено на 29.11.2017, за ЈКП Водовод и канализација Прилеп се утврдува просечна тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување и тоа:

1.За 2018 година во изност од 33,51 ден./м3,

2.За 2019 година во износ од 34,24 ден./м3

3.За 2020 година во износ од 34,65/м3

Според нашите сознанија моменталната цена на водата за пиење во Прилеп изнесува 26 денари за метар кубен, што значи дека од почетокот на наредната година прилепчани ќе плаќаат за 30% поскапа вода.

Со ова целосно се демаскира ветувањето на сегашниот градоначалник Илија Јованоски и СДСМ во предизборието за 20% пониски сметки за вода за пиење.

Ова всушност беше едно од главните ветувања кое СДСМ и Јованоски им го пласираше на прилепчани и доби голема поддршка од нив.

Сепак, како и многу други помпезно најавувани проекти и ова ветување изгледа дека е само манипулирање и замајување на граѓаните.

Сите донесени решенија од Регулаторната комисија за секоја општина одделно можете да ги погледнете на следниот ЛИНК

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.