“БОМБА” ВО ПРИЛЕП: Тофилоски се врати во “Победа” !

Прилепска Победа го ангажира најголемото засилување во македонскиот фудбал во овој зимски преоден рок, со што новото раководство продолжува со стабилизацијата на клубот најавувајќи големи амбиции.

Нов чувар на мрежата на прилепчани напролет ќе биде Дарко Тофилоски. Тој по освојувањето на двете шампионски титули со Победа во сезоните 2003/2004 и 2006/2007 изгради успешна интернационална кариера настапувајќи за: Шафхаузен, Кошице, Ружомберок, Дунајска Среда и Алашкерт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.