БОКСЕРОТ КУПУВА ФУДБАЛСКИ КЛУБ: Флојд Мејведер “го пазари” познатиот премиерлигаш !

Флојд Мејведер е еден од најуспешните боксери на сите времиња. Тој најави дека би можел да го купи британскиот фудбалски клуб Њукасл, пренесуваат медиумите од островот.

Њукасл Јунајтед моментално е во рацете на Мајкл Ешли кој веќе подолго време се обидува да го продаде клубот. Американскиот боксер признава дека го сака Њукасл, но и дека своите пари ги вложува “со глава”, а не со срце.

“Го сакам Њукасл. Сакам спорт и секогаш сум отворен за нов бизнис, но јас вложувам со глава, а не со срце. Ако вложувате со срце, тоа е најбрз начин да ги изгубите парите”, вели Мејведер.

“Фудбалот не е моја игра, но имам врски низ целиот свет. Ако некој ми понуди добар план, тогаш би вложил”, додава тој.

Њукасл моментално се наоѓа на 13 место на табелата со 32 бода, четири бода повеќе од зоната за испаѓање.

Во август минатата година Мејведер ја заврши неговата боксерска кариера со неверојатен “скор” 50-0.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.