Богато семејство од Њујорк нуди одлична работа – тие бараат “домаќини” кои би се грижеле за готвење, чистење, за нивните деца и уредувањето на нивниот дом кој се протега на дури 2787 метри квадратни.
Огласот се наоѓа на “Бизнис инсајдер” објави Дејвид Јодовин, чија фирма се занимава со вработување на работници во куќи на богати индивидуалци. Тој вели дека ова смејство од Апер Ист Сајд, богатиот дел на Њујорк, бара две лица кои би се грижеле за сите аспекти на домот адекватно да функционираат во секој момент.
– Многу наши клиенти имаат могу куќи, приватни авиони и неколку вработени во своите домови, изјавил Јодовин.
Платата на вработените се движи од 100.000 до 150.000 долари.