На 18 март 2018 година почна првото коло од бокс лигата на Р. Македонија во организација на Боксерската Федерација на Македонија и боксерскиот клуб Пелистер од Битола.
Настанот се одржа во салата “Mладост” во Битола со околу 2000 посетители. Боксерскиот клуб “АС” Прилеп учествуваше со 2 боксери.
Во кадетска конкуренција Трајче Илиоски до 63 кг. славеше во првата рунда со ТКО против Ибрахим Алија од БК “Шкендија” бокс Тетово, а Димитар Тасески од БK “АС” Прилеп загуби од Борче Иваноски БK “Тигар” Делчево.
Со овој резултат Трајче Илиоски се пласира во редовите на кадетската боксерска репрезентација, од кои оваа година му престојат настапи на повеќе интернационални турнири и Европското првенство што ќе се одржи во Русија во месец октомври.
Една недела подоцна, на 24 март во спортската сала “Јордан Мијалков” во Штип се одржа второто коло на бокс лигата на Македонија.
Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп под водство на тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески учествуваше со 5 боксери.
На ова коло БK “АС” Прилеп издвојуваше 4 победи и еден пораз.
Поединечно постигнати се следните резултати:
категорија деца:
-51 кг. Мартин Алексоски БК “АС” против Рузѓан Асановски БK “Борец” Велес 2:1
Категорија кадети :
-51 кг. Дамјан Талимче Бк Ас против Екес Асанов Бк Баргала Штип 0:3
-63 кг. Трајче Илиоски Бк Ас против Алпај Демиров Бк Баргала Штип 2:1
-75 кг. Бојан Станојоски Бк Ас против Никола Шипинкоски Бк Алексо Огненоски Охрид 3:0 Тко 1 рунда
Категорија кадети:
-75 кг. Менан Амедоски Бк Ас против Ристе Ристов Бк Пинк Пантер Штип 3:0 Тко 1 рунда
Третото коло ќе се одржи во Делчево во месец април.
За прв пат во македонскиот бокс Прилеп ќе има национален судија – Стојанчо Горгиоски кој успешно го положи судискиот испит и дебитираше во Штип.