На порталот “Економист”, се истакнува дека ќе се предизвикаат огромни последици во случај на размена на територија, и “дека најмудро би било да се намали важноста на националните граници”.
Во воведниот дел од текстот се потсетува дека пред 10 години Косово прогласи независност и дека Албанците кои се мнозинство во државата славеле, а Србите не. Србија не го призна Косово, пишува во порталот, укажувајќи на тоа дека косовските Срби и понатаму се сметаат за граѓани на Србија.
– Ситуацијата е типична за Балканот, каде границите, искрено кажано, се во неред – се истакнува во текстот.
Неодамна српските власти предложиле размена на територија, пренесува “Економист”.
– Дали е тоа разумна идеа? – ова е главното прашање кое го поставува авторот на текстот и наведува примери од размена на територија. Во 1923 година Грција и Турција се согласиле да разменат околу 2 милиони луѓе.
Христијанското население во Турција стана грчко, а муслиманите од Грција се испратени во Турција. Тоа било насилно преселување, но Грција и Турција не војувале до тогаш, наведено е во текстот. Единствената територија поради која се спртиставуваат Грците и Турците е Кипар, на која живее измешано население.
Целата оваа ситуација авторот сака да ја поврзе со она што би можело да се случува на Балканот доколку дојде до размена на територија.
“Ќе се отворат вратите на пеколот” , заклучува авторот.