Свазилендскиот крал Мсвати III објави дека ја преименува земјата како Кралство на Есватини.
Монархот ја објави официјалната промена за време на прославата на “Златниот јубилеј” за 50-годишнината од независноста на Свазиленд.
Прославата исто така го одбележа и 50-тиот роденден на кралот. Јужноафриканската нација е апсолутна монархија.
Кралот, познат како Нгвенјама или “лавот”, е познат по големиот број на жени и за неговата приврзаност кон традиционалниот начин на облекување.
Новото име, Есватини, значи “земјата на Свазијците”.
Свазиленд е дел од Британскиот Комонвелт.
Објавувањето на промената на името разгневил дел од граѓаните во земјата, кои веруваат дека кралот треба да се фокусира повеќе на слабата економија на државата.
Земјата е последната апсолутна монархија во Африка, а во последниве години демонстрантите повеќе пати побараа воведување демократијата.
Синот на Собуза II, кој владеел 82 години, кралот Мсвати III моментално има 15 жени. Според официјалната биографија, неговиот татко зел 125 жени за време на неговото владеење.
Додека официјалната промена на името беше неочекувана, кралот Мсвати III со години го нарекуваше Свазиленд како Кралство на Есватини.
Ова беше името што го користеше кралот кога му се обрати на Генералното собрание на ОН во 2017 година и на отворање на парламентот во земјата во 2014 година.
Извор: “Инфомакс”