Основачот на страницата “Викиликс” новите шефови во Стејт Департментот и ЦИА ги гледа како закана за нови судири во светот.
Тој вели дека сегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео би можел да го преземе Стејт Департментот, а сенаторот Том Котон да дојде на негово место. Таквите промени според Асанж би значеле припреми за војна со Иран.
Според него, Котон е многу агресивен кон Иран, Викиликс и Русија, добива средства од неоконзервативците и група поврзана со Израел.
Претходно “Њујорк Тајмс” повикувајќи се на извори од американската администрација, извести дека шефот на кабинетот на Белата куќа Џон Кели развил “пран за транзиција”, според кој Помпео треба да го замени Рекс Тилерсон.
Според медиумите, сите овие промени ќе се случат до крајот на 2017 година или на почетокот на 2018, иако американскиот претседател ги демантираше ваквите најави.
А/Г/