Археолошкото здужение “Менелај” од Прилеп го издаде првиот “Археолошки информатор” – во него 23 трудови вредни цело богатство

Здружението Менелај од Прилеп, пред неодамна, ја објави он-лајн верзијата на првиот број на Археолошки Информатор, академско списание од областа на археологијата и културното наследство. Станува збор за електронска и печатена публикација, која ќе се издава еднаш годишно и притоа двојазично, на македонски и на англиски јазик. Информаторот објавува академски трудови на научните и стручните работници кои го истражуваат и презервираат културното наследство во Македонија. Во уредничкиот одбор на списанието се наоѓаат квалификувани професионалци од областите на археологијата и историјата на уметност, а на негово чело се наоѓа проф. д-р Елица Манева.

Во „Археолошки Информатор 1“ се наоѓаат 23 авторски трудови и неговата електронска верзија е достапна на веб-страната на списанието: www.informator.com.mk, каде сите текстови се достапни за слободен преглед и превземање. Текстовите, повремено, се објавуваат и на фб-страната на списанието: @ArheoloskiInformator, а на неа можат да се пратат и новитетите поврзани со публикацијата.
Од Менелај – Прилеп, информираат дека првиот број на списанието Археолошки Информатор е испечатен и наскоро ќе ја има својата конференциска промоција. Датумот за овој настан ќе биде објавен наскоро на веб-страната на здружението: www.menelaj.mk и неговата фб-страна: @MenelaosPP.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.