Пратеникот Љубен Арнаудов, и организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од Шутка, пренесува Телма.
Скопска апелација ги прифатила нивните жалби и им ја преиначила мерката притвор во домашен притвор а истовремено да им се одземе и пасошот, потврдиле од судот за Телма.