Ракетата со две глави која пред ва дена ја испали Северна Кореја, ќе биде регистрирана од страна на американските служби како потполно нов објект невиден досега. Како што пренесува Си-Ен-Ен, се верува дека првата фаза на проектилот е познат за службите, додека во текот на лансирањето, севернокорејските сили поставиле и друга глава, што ги шокирало Американците и светот.
Американските експерти за одбрана посочуваат дека севернокорејската ракета има домет од 5.500 километри, ако се испали во стандардизирана амплитуда. Таа е сместена меѓу оние со среден домет, а втората глава овозможила таа да отиде подалеку.
За втората глава која била поставена да се запали, биле потребни 30 секунди.