Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алијоски го доби признанието играч на месецот во неговиот клуб Лидс, кој се натпреварува во англиската Чемпионшип лига.
Тој во ноември имаше одлични настапи и беше стрелец на четири голови (на четири натпревари постигна по еден гол) и имаше една асистенција, а навивачите на овој клуб на гласањето му дадоа 73 отсто од гласовите.
Како награда Алијоски доби часовник, брендиран со логото на Лидс Јунајтед.
Неговата екипа се наоѓа на 8. место на табелата со 30 бодови, а попладнево екипата гостува кај КПР.