Александар Крстески од денес со двојна улoга во ФК Победа, играч и Спортски директор

19458063_10213432256824829_273290461_n

Со одлука на клупското раководство на ФК Победа, од денес капитенот на Победа Александар Крстески ќе ја извршува и функцијата Спортски директор на клубот.

Оваа функција во клубот остана упразнета по заминувањето на доскорешниот Спортски директор Јовица Обрадовиќ. Несомнено со своето богато домашно и интернационално искуство Крстески се очекува да даде свој придонес во подобрувањето на менаџирањето со клубот, посебно во спортскиот дел, а паралелно со функцијата останува од штоперската позиција да ја предводи екипата на терен и во новата сезона.

19489510_10213432256784828_1558327015_n

-“Бев пријатно изненаден од идејата и понудата да бидам назначен за Спортски директор на клубот. За мене тоа е своевидна награда и признание за се што сум направил за мојот матичен клуб. Со моето искуство што го имам како фудбалер сакам да придонесам во подоброто функционирање на клубот во спортскиот дел. Но, не треба да се заборави дека сум сеуште играч. Останува јас и моите соиграчи да го дадеме максимумот за овој клуб да не се повтори минатогодишната сезона, кога се боревме за опстанок. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам до сите кои веруваат во мене и ме назначија на оваа функција. Со голема работа се надевам дека ќе ги оправдам како нивната доверба така и нивите очекувања”, истакна Крстески.

Крстески е дете на Победа, каде ја започнува кариерата во Младинската школа, а со 17 години станува првотимец. Во свјата досегашна кариера 34-годишниот интернационалец има настапувано покрај за Победа и за Работнички, Вардар, Тетекс, Металург, Пелистер и Дрита, а во странство за Динамо Тбилиси, Челик Никшиќ и Шкумбини Пеќ.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.