Албански медиум ексклузивно ги објавува деталите за договорот со Грција за името

Медиумите на албански јазик почнаа да објавуваат и да шпекулираат со детали од договорот што СДСМ и Зоран Заев го подготвуваат со Грција.

Албанскиот портал InfoShqip вели дека дошол до некои информации добиени од сигурен извор во Грција, со детали за договорот меѓу Македонија и Грција за прашањето за името.

Во документот се наведува дека новото име ќе биде Република Нова Македонија, додека скратената верзија ќе биде Нова Македонија.

Во документот, исто така, стојата и решенијата за прашањата со црквата, јазикот и идентитетот, информира InfoShqip.com

Во продолжение InfoShqip.com во целост ви го нуди документот на македонски, англиски, грчки и албански јазик.

Име/name: Република Нова Македонија(мк-кир) – Republika Nova Makedonija(mk-lat) – Republic of New Macedonia(eng) – Δημοκρατία της Νέα Μακεδονία(gr) – Dimokratia tis Nea Makedonia(gr-lat)

Скратен назив/short name: Нова Македонија – Nova Makedonija(mk), New Macedonia(eng), Νέα Μακεδονία(gr).

Јазик/language: СОВРЕМЕН Македонски јазик – Sovremen Makedonski jazik(мк), MODERN Macedonian/Makedonski(eng), Σλαβομακεδονική γλώσσα – Slavomakedoniki glossa(gr).

Националност/Nationality (Државјанство): Македонско / New Macedonian.

Црква/Church: Нова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија(мк), New Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archbishopric(eng), Ορθόδοξη Εκκλησία της Νέα Μακεδονίας – Αρχιεπισκοπή της Οχρίδας(gr).

Наредниве 2 точки не треба да се предмет на преговори и договори, тие се производ на самоопределување на луѓето и колективите/these 2 issues should not be included in the contract:

Идентитет на македонскиот народ/Ethnic identity: Македонец/Македонка/Македонци(мк), Ethnic Macedonian/Ethnic Macedonians(eng), Σλαβομακεδόνες/Slavomakedones(gr).

Идентитет на грците кои регионално се идентификуваат како македонци/Identity of Greek Macedonians: Грчки македон/Грчки македони(мк), Greek Macedon/Greek Macedons (eng), Μακεδονικό/Makedoniko – Μακεδόνες/Makedones(gr).

InfoShqip.com известува дека документот не е официјален и дека за истиот InfoShqip.com не носи одговорност за неговата оригиналност. Документот е земен од грчки извори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.