Активно и забрзано се работи на третата и последна фаза од проектот за прочистителната станица во Прилеп.
Деновиве започна реализацијата на третата и последна фаза од пречистителната станица во Прилеп. Овој капитален проект, чија реализација започна во 2014 година, за скоро време ќе ја доживее својата завршница, со што трајно ќе се реши прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп.
Целиот зафат вклучуваше и обнова, во две фази, на вкупно 65 километри канализациона мрежа. Оваа мрежа се градеше истовремено со пречистителната станица.
Со овој проект Прилеп ќе стане еден од најчистите градови во целиот регион.
Проектот е финансиран од ИПА програмата на ЕУ, со учество и на буџетот на Македонија, а го започна претходната влада.
Изградбата на овој проект го става Прилеп на врвот на општините во однос на искористувањето на средства од ЕУ фондовите.
Екипа на Маркукуле беше на терен и одблиску ги проследи завршните активности околу проектот кој е од витално значење за градот под “Марковите Кули” и еден од најголемите капитални зафати.