Помеѓу 15 и 25% од луѓето во Америка страдаат од болки во колената, што е втора најраспространета хронична болка. Ситуацијата е слична насекаде во светот, а хроничната болка е една причина за тоа. На ова се надоврзуваат повредите, како и уморот.
Еве неколку совети за терапија која можете самите да си ја извршите и да се чувствувате подобро.
1. KРЕВАЊЕ НА ПЕТАТА
За оваа вежба потребен ви е стол и потребно е да застанете позади него
Кренете ја едната нога, полека кренете ја петата на другата нога се додека не застанете на прстите. Полека вратете ја петата на подот. Повторете ја вежбата 10-15 пати на двете нозе. Ова ќе ги зацврсти вашите зглобови и работата на мускулите околу коленото.
2. ОДЕЊЕ НА ПРСТИ
Ова е лесна вежба која можете да ја направите додека средувате низ дома. Едноставно одете на прсти од 5 до 15 минути се додека не се изморите. Ова ќе ги зацврсти вашите листови, како и стапалата.
3. КРУГОВИ СО ЗГЛОБОВИТЕ
За да ги зацврстите слабите зглобови треба да го направите следново:
Седејќи или стоејќи кренете ја едната нога, а пороа полека ротирајте го стапалото. Повторете го ова десетина пати со внатрешно кружење и десетина пати со кружење нанадвор, на двете нозе.
4. TРЕНИНГ ЗА ОТПОРНОСТ
За оваа вежба ќе ви биде потребен oтпорен ластик.
Поставете го ластикот за креветот или некој друг тежок предмет. Ставете ја еднате нога на него и полека повлекувајте во правец на коленото.
Повторете го ова 10-15 пати на двете нозе. Ова ја вклучува работата на телесните мускули и вашите внатрешни и надворешни мускули на бутот.
5. ИГРИ СО ПРСТИТЕ НА НОЗЕТЕ
За да ги вежбате прстите на нозете на дневна основа, можете да играте игра “кревање”.
Свиткајте ги прстите и ставете крпа на подот, а потоа обидете се да ја кренете со помош на прстите.
Ставете мали топчиња на подот и обидете се да ги соберете во кутивче.
6. ОДЕЊЕ НА ТОПКА
Земете тениско топче или топче со сличен дијаметар. Седнете на стол, ставете го топчето под стапалот, а потоа полека туркајте го топчето кон прстите и повторно наназад кон петата.
Уживајте во масажата!