Ако сеуште не сте решиле каде да празнувате денес: Посетете го манастирот Св. Илија Писокал во село Кален мариовско (ФОТО)

20258517_1954509658205182_5439264065885900905_n

Манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на Мариово, веднаш после превојот Слива од десната страна на патот Прилеп-Витолиште, на оддалеченост од 18 километри од градот. Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители. Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

12998577_1604715646517920_180892757230446393_n

Се запретале во пепел огништата, се преселил животниот пламен и ритамот на срцата со болка во душата. Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака. По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”. За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

16640955_1834587596864056_8750022013949038687_n

Инаку, црковниот одбор вели дека црквата е обновена со дарови на населението, кое го посетува местото . Се одмора во студените сенки, по неколку дена, полнејќи ги дробовите со чист ладен воздух и активирајќи пријатни чувства на сите сетила. Кренат е конак со неколку соби, опремени за ноќевање, има трпезарија и кујна за подготовка на храна за слава за над илјада луѓе.

Денеска во манастирот ќе има и жива музика. Гостите и сите добронамерници ќе ги забавува групата “Форум”, а во продолжение погледнете како синоќа се празнуваше во дворот на манастирот и како е секогаш кога тука има луѓе.

1

20597317_121112401859456_291922172822081361_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.