Иако “Гугл” одби овој проблем да го окарактеризира како сигурносен прпуст, компанијата се согласи да пронајде начин да ја подобри оваа ситуација.
“AOL developer Ran Bar-Zik” откри нов сигурносен пропуст во Гугл Хром во кој на сајтовите им овозможуваа да го снимаат звук и видео без знаење на корисниците и без давање на било каков знак дека тоа ќе се случи.
Истражувачите тврдат дека иако се бара дозвола за користење на аудио – визуелните функции на уредите на корисниците, многу често тоа се злоупотребува и се користат за шпионирање.
Bar-Zik прпустот го пријавиле во “Гугл” каде истакнале дека не станува збор за сигурносен пропуст, што значи дека не може да се очекува брзо решение на проблемот.
Ф.Г.