Единствен светец кој сеуште оди меѓу нас. Така многу монаси го опишуваат Свети Василиј Острошки.
Манастирот Острог во кој се наоѓаат моштите на Свети Василиј, го посетуваат оние кои бараат спас и исцелување од тешки болести и маки кои му се случиле. Свети Василиј по потекло бил од селото Мркоњица, Херцеговина. Се замонашил и својот монашки живот го започнал во манастирот Успение на Пресвета Богородица.
Како епископ на захумско-херцеговинскиот и скендеријски, Свети Василиј живеел во манастирот Тврдош. Кога Турците го уништиле манастирот, Свети Василиј преминал на Острог, каде се упокоил во 1671 година. Од карпата покрај која се упокоил, израснала винова лоза.
Кога Свети Василиј се упокоил неговата одаја била осветлена, а народот започнал да доаѓа на неговиот гроб и да се моли.
Постои и предание според кое се вели дека 7 години по смртта, Свети Василиј започнал да му се појавува во сонот на игуменот во Жупа кај Никшич и во една прилика му рекол да појде во Острог и да го отвори неговиот гроб. Игуменот го послушал, а кога го отвориле гробот го пронашле зачуваното тело на Свети Василиј. Вели дека мирисало на босилек.
Уште додека бил жив, Свети Василиј го сметале за светец.
Бидејќи манастирот Острог само за време на летото го посетуваат 300.000 верници, манастирот се смета за едно од најголемите православни светилишта во Европа.
Моштите на Свети Василиј се чуваат во долната острошка црквичка. По неговото име се именувани многу установи и подигнати се многу храмови.
За Свети Василиј Острошки велат дека е единствениот светец кој не простува за навреди и строго ги казнува неверниците.
За време на австро-унгарското владеење во Босна и Херцеговина, во 1895 година толпа народ се собрала во Билечи, пред канцеларијата на котарскиот предстојник М.Адамовиќ, да бараат пропусници за Црна Гора и манастирот Острог.
Околу 9 часот од канцеларијата излегол Адамовиќ и со остар тон му проговорил на народот:
“Залудно чекате ! Не ви давам пропусници за Острог ! Зошто одиш таму глупав народе, кога таму нема ништо освен сув труп кој Црногорците го ставиле во ковчег и го прогласиле за светец !”.
Изговарајќи ги овие зборови тргнал да влегува, но во монетот паднал и ја скршил ногата. Веднаш го однеле во болница каде се лекувал 2 месеци.
Од болницата порачал на народот да му се дадат пропусници и дека секој во иднина ќе може да оди на Острог. Покасно и самиот однел добар прилог во манастирот и дал завет дека тоа ќе го прави секоја година.
Ф.Г.