Ако пред 10 години сте купиле стан во Стокхолм, можете да заработувате дури 100 евра секој ден само ако живеете во него, пишува Бизнис инсајдер.
Од 2006 година трошоците за живот во шведската престолнина се удвоија и денес просечната цена за квадратен метар во центарот на градот е 9.909 евра, надминувајќи ги со тоа цените во француската престолнина Париз.
Со самото тоа, тие кои ја искористиле приликата да купат стан пред 10 години, пред да настапи економската криза, добиле стан за многу поевтина цена.
Тоа што е поразлично во случајот со Стокхолм е дека цените на недвижностите не паднале после кризата.
Иако цените на недвижностите растат и во другите европски престолнини, се чини дека Стокхолм во однос на тоа прашање ги надминува сите, па животот во Берлин и Копенхаген е далеку поевтин.
Во Берлин, просечната цена на недвижностите е помала од 4.750 евра по метар квадратен, цена која важела за Стокхолм пред 10 години.
Становите во Копенхаген се исто така на пола цена од тие во Стокхолм.
Ф/Г/