На интернет се прошири нова измама. Овој пат, измамниците се обидуваат директно од корисниците да ги бараат личните податоци, претставувајќи се како “Еко банка”.
Во мејлот кој им стигнува на корисниците се бара целото име и презиме, бројот на трансакциската сметка, државата, градот, телефонскиот број, но и информации од пасош, лична карта или возачка дозвола.
Наводно тие податоци им се потребни за “Еко банка” да им испрати “Master Card” кредитна картичка.
За жал, многу корисници поверувале во ваквите е-мејлови, иако на прв поглед се забележува дека станува збор за измама.
Пораката стигнува од: [email protected].