Додека СДСМ и Зоран Заев најавуваа мерки за штедење пред да дојдат на власт, откако ја добија власта граѓаните можеа да го видат луксузирањето на членовите на Владата.
Последен пример е директорот на Агенцијата за промоција на туризмот Александар Донев, кој на своето службено патување летал со бизнис класа. Откако се откри дека тој патувал со бизнис класа, Донев кажа дека Агенцијата со која тој директорува трошела само домаќински.
Донев присуствувал на Светскиот самит за авантуристички патувања што се одржа во октомври во Буенос Аирес, а одлучил да лета во бизнис-класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци.
-Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги реализира буџетските трошоци строго наменски и домаќински. Првпат летав со бизнис класа за Аргентина бидејќи патот е долг, повеќе од 17 часа, а имав набиена агенда, голем број состаноци кои бараат ефикасност. На сите други патување сум летал со економска класа или со нискобуџетни компании, вели директорот Донев за СДК.мк по прозивките на социјалните мрежи.
Тој вели дека авионската карта до Аргентина во бизнис-класа била 30 отсто поскапа од онаа во економска класа, односно економска класа чинела околу 180.000 денари, а бизнис околу 220.000 денари.
Изјавата на Донев наиде на остри рекации на социјалните мрежи, граѓаните велат дека билетите за лето до Аргентина се многу поефтини од оние директорот Донев ги кажува.
Еден од коментарите на граѓаните вели дека билет во економска класа чини 70.000 денари, околу 2.500 евра поевтин од оној кој Донев го платил, а не како што тој вели 180.000 денари.
Инаку Александар Донев е еден од луѓето кои преку шарената револуција влегоа во Владата, за која претходно по протести викаше „ружна ви е владата“.
Донев, пред да стане директор во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беше претседател на здружение за промоција и поддршка на одржлив туризам и одговорни активности во природа „Мастсидонија“ (Mustseedonia) и консултант на повеќе меѓународни проекти за туризам.
Инаку, со реакција околу овој случај на социјалните мрежи излезе и новинарката Јорданка Ивановкса-Јоци. Таа вели дека со парите кои ги платил Донев за карта во бизнис класа наместо во економска, можело да се обезбеди оброк за 100 луѓе во народна кујна.
Инаку, ова не е прв пат членови на Владата да се луксусузираат на своите патувања, откако е СДСМ на власт, патувањата на владините делегации се со нетипично голем број на луѓе, а тие се сместени во скапи и луксузни хотели, а се тоа на товар на граѓаните на Република Македонија.