Група туристи од туристичката агенција од Смедерево, “Блу врлд травел”, доживеале непријатно искуство на одмор во Грција. Тие тргнале на одмор, а не ни насетувале на каква измама ќе наидат.
Тие платиле и резервирале апартмани, се било спремно, а кога дошле на локацијата, им рекле дека апартманите нема да ги добијат додека не доплатат 300 евра. Тоа се случило бидејќи наводно агенцијата останала должна од претходната група.
Туристите се вратиле во автобусот и одбиле да го нашпуштат додека не се реши проблемот.
Од друга страна, измамата од страна на Агенцијата била откриена. Велат многумина спиеле по кафеана и плажи.
Тие потоа биле сместени од друга агенција, но морале да платат ласт минит понуда.