АРМ ги објави деталите: Двајцата војници повредени од еден куршум

Двајцата војници во тетовската касарна биле повредени од еден куршум, информира АРМ во писмено соопштение до јавноста.

Генералштабот на Армијата на Република Македонија ја известува јавноста дека на 22ри март, околу 09.55 часот, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово дојде до повредување од огнено оружје на двајца професионални војници на АРМ.

Имено, според првичните информации, при чистење на оружје „митралез“ испукан е еден куршум при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници М.Ј и В.Ш.

Веднаш по настанот истите се пренесени во Јавната Здравствена Установа во Тетово од каде се утврдени фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција во Клиничкиот Центар „Карил“ во Скопје.

Двајцата војници се во стабилна состојба, надвор од животна опасност.

Надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот. За резултатите од истрагата јавноста дополнително ќе биде известена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.