АЛБАНЦИТЕ СЛАВАТ ЗА ПОБЕДАТА НА БОЧВАРСКИ ВО ШТИП: Уште еден Албанец влегува како пратеник во Собранието од редовите на СДС!

Уште еден албански пратеник во редовите на СДС, Муртезани наместо Бочварски.

Уште еден албански пратеник од редовите на СДС на Зоран Заев ќе седне во Републичкиот Парламент, информира Журнал.mk.

Сите овие промени се прават поради завршувањето на локалните избори каде СДС во овој изборен циклус на локално ниво се натпреваруваше со голем број пратеници кои исто така беа избрани како градоначалници општините.

Така, како градоначалник на општина Штип беше избран поранешниот пратеник Благој Бочварски, а на негово место како пратеник доаѓа Агим Муртезани од редовите на СДСМ.
Муртезани е уште еден Албанец политичар од партијата на Заев, кој седнува на Републичкиот Парламент како пратеник, оставајќи ја функцијата шеф инспектор на локалната самоуправа, каде што го замени Шехтански.

Тој доаѓа од третата изборна зона од Општина Чашка, додека живее во селото Јаболчишта.(infoshqip)

 

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.