Жителите на Ѓорче Петров се гневни на полицијата, затоа што не си ја извршуваат добро работата откако десетгодишно дете вчера вечерта настрада во сообраќајна незгода на улицата Борис Сарафов. Покрај училиштето “Мирче Ацев” стотина граѓани протестираа и го искажаа својот револт пред медиумите.
„Ако уште еднаш падне жртва овде, ќе го запалиме цело Ѓорче“, изјавиле револтираните жители пред новинарските екипи излезени на терен – пренесува порталот “Инфомакс”.
Ваква била атмосферата пред основното училиште „Мирче Ацев“ , откако 10-годишно момче синоќа беше прегазено во сообраќајна несреќа.
Жителите кои се собрале на улицата „Борис Сарафов“ рекле дека на оваа улица секојдневно има трки со мотори и автомобили, а полицијата не презема ништо.