Локалното население на ирското село Рингаскид тврди дека постои нешто во воздухот што влијае на мажите, па дури и на кучињата.
Имено, ова село е дом на фармацевскиот гигант “Фејзер” и неговата фабрика во која се произведува познатата виагра.
Локалните жители проговорија за чудните ефекти кои влијаат на машката популација на селото.
– Веќе со години добиваме љубовни испарувања бесплатно. Неверојатно е тоа што луѓето кои доаѓаат овде, можеби од љубопитност, никогаш не заминале од нашето село – изјавил Сејди О’ Грејди за “Сандеј тајмс”.