Викендов во Никшиќ Црна Гора се одржа 9-ти Меѓународен Турнир во Џудо „Трофеј Никшиќ-2017“ во организација на Џудо Клубот „Оногошт“-Никшиќ ЦрнаГора.
На Турнирот учество зедоа околу 260 натпреварувачи од 7 држави: Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцегоцина, Хрватска, Косово и Македонија со околу 30 клубови.
Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп на овој Турнир учество зеде со 2 натпреварувачи, а освоени се 3 медали (1 златен и 2 бронзени).
Имено Орде Трајкоски настапи во категорија Пионери -73 кг каде освои 1-во место и во категорија кадети -73 кг. каде освои 3-то место. Цинцароски Марио настапи во категорија Кадети +90 кг каде освои 3-то место. Екипата ја предводеа Дејан Џокоски и ветеранот Киро Здравески.