Ќумбев: “Такви сме, клети и неблагодарни. И се што ни се случува можеби и го заслужуваме”

(Фејсбук статус на поранешниот репрезентативец на Македонската фудбалска репрезентација, играч на Победа и Легија од Варшава)

“Десет години играат или на светско или на европско првенство.Во ниту еден спорт немаме таков коинтинутет.Додека секој декември и јануари сите останати ракометари одмараат овие дечки одат на подготовки и се подготвуваат за светско или европско.Десет години овие момци не биле дома на бадник и божиќ со своите фамилии затоа што се подготвувале за достојно да ја престават Македонија.

Во нашава држава имаме две спортски сали и еден и пол клуб професионален.И во најлош случај пак ќе бидат деветти во европа.

И пак плукање и правење паметен од луѓе што не знаат дали топката е округла или коцка.

Не за џабе имаме проблем и со името и со јазикот.Такви сме, клети и неблагодарни.И се што ни се случува можеби и го заслужуваме.

P.s Како Кире Лазаров ние спортист ниту сме имале ниту ќе имаме.
P.p.s Ај сеа една голема чистка …”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.