Ќе се реставрира споменичниот комплекс кај месноста Песијобрдце

_MG_9467

Споменичниот комплекс кој се наоѓа на месноста Песијобрдце, наскоро ќе биде реставриран со проектот одобрен од Владата на РМ на здружението „Прилепски бранители“. Токму по тој повод претставници од здружението „Прилепски бранители“ и претставници од Сојузот на борци на град Прилеп денеска остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески.


Гоце Стефаноски од здружението „Прилепски бранители” информираше дека:
„Здружението на „Прилепски бранители” има голема почит кон борците од 45, аплициравме во Владата на РМ и добивме проект и тој ќе го искористиме за да го реставрираме споменикот „Песијобрдце“ кој датира од ослободувањето на Прилеп. Проектот е одобрен и со помош на Локалната самоуправа, со помош на Сојузот на борците да изготвиме идејно решение и да продолжиме со негова реализација“.
Претседателот на Сојузот на борци, Круме Соколоски е задоволен што после долги години ќе се реставрира споменичниот комплекс кај месноста Песијобрдце кој е од големо значење за градот Прилеп, градот херој. Оваа место е значајно не само за сегашните генерации туку и за идните, да се сеќаваат на минатото, а воедно ќе се реализира една пореба која била предложена како идеја пред многу години токму од страна на Сојузот на борци. Претседателот Соколоски посочи на добрата соработка и разбирање со Локалната самоуправа.

_MG_9467

Според градоначалникот Марјан Ристески,
„Станува збор за споменичниот комплекс кај месноста Песијобрдце, доделени се 300.000 денари, со дел од средствата ќе учествува и општина Прилеп, тука ќе бидат вклучени и ЈП „Комуналец“ и ЈП за ПУП, да се направи едно убаво место кое ќе биде достапно не само за празници туку и во останатите денови“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_9468
Само во изминативе 12 години соработката со Сојузот на борци е на исклучително завидно ниво, а како резултат на таа соработка и со помош на Министерството за култура и Владата се реализирани голем број на проекти како што се: реконструкција на Меморијалниот музеј, реставрација и реконструкција на „Могилата на непобедените“, спомениците на Кузман, Пере, Ѓорче, на нашите преродбеници Блаже Конески и Круме Кепески, а додека пак со Бранителите на територија на општина Прилеп изградени се спомениците „Карпалак“ и „Прилепски бранители“ од поновата историја, додаде Ристески во својата изјава.

_MG_9474

Градоначалниот на крајот посочи дека овде нема да застане со инвестиции, велејќи дека во иднина градот под Марковите кули ќе добие уште неколку споменични одбележја на „Мирче Ацев“, „Битката на ножот“ и доработување на уште пет бисти на народни херои кои се починати по 45година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.