Ќе грми сцената на “ПИВО ФЕСТ”: Нивната музика гарантира одлична забава

18920568_1559977554032489_1076065361615775593_n

По 15-ти пат ќе заблеска фестивалската сцена во Прилеп. Фестивалот на скарата и пивото и оваа година ќе биде намасовното случување во Македонија. Организаторите и општина Прилеп работат напорно на подготовките за уште едно одлично издание на “Пиво Фест”, манифестација која во изминатите години го издигна Прилеп на главно скалило, кога се во прашање фестивалските случувања во нашата држава.

До сега се познати неколку имиња кои ќе настапат на сцената во Прилеп, а тоа се: “Амадеус Бенд”, екс ЈУ ѕвездата  Aлен Исламовиќ, домашните “Нокаут” и  “Eye Cue”, мегапопуларната реге ѕвезда Дон Минот и хрватската поп-панк група “Психомодо Поп”.

Секако за љубителите на фестивалот главна атракција до сега се гостите од соседството “Амадеус Бенд” и Aлен Исламовиќ.

Еве што гостите на овогодинешниот “Пиво Фест” ќе имаат можност да слушнат во Прилеп.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.