ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКАТА НАСЕЛБА ЦЕНТАР

Со поставување на камен темелник, денеска започнаа градежните активности за добивање на нов пешачки мост во урбанава зедница „Центар“, во близина на ООУМ „Ордан Михајловски – Оцка“. Мостот ќе биде со челична конструкција во должина од 24 метри.

IMG_8527

„По пат на јавно надавање беше избрана фирмата „Монтинг Инженеринг“ за изведба на овој пешачки мост кое ќе биде со челична конструкција во должина од 24 метри“, посочи Илија Карески раководител на секторот за урбанизам.

IMG_8482

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека денеска започнува изградбата на едно од најпосакуванте мостови во централното градско подрачје.

„По барање на жителите од УЗ „Корзо“, „Тапани“, „Чачорица“, „Рид“ и централниот дел на градот, за изградба на пешачки мост кој ќе ја поврзува улицата од музичкото училиште со Врбенско маало. Ова беше предвидено во комуналната програма на ЛС за 2017 година. Денеска присуствуваме на камен темелите на овој мост кој за две, три недели ќе биде и поставен“, посочи градоначалникот Ристески.

IMG_8476

Освен овој, Прилеп ќе добие уште еден нов мост и тоа кај Дабнички канал. Целата оваа инвестиција чини 1.500.000 денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.

IMG_8490-001

Од неодамна градот под Марковите кули го промовираше и мостот кај ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.