ЌЕ БИДАТ ПОБРЗИ ОД АВИОН: Наскоро низ Европа ќе се патува со капсули

Компанијата “Hyperloop Transportation Technologies” потпишала договор со владата на Словачка кој најверојатно ќе резултира со многу брз транспорт меѓу најголемите градови во централна Европа. Движењето во капсулите ќе биде побрзо од авион.

Имено, “Hyperloop” се обврзале дека ќе изградат ист систем на брз транспорт кој би ги поврзувал Братислава, Виена и Будимпешта.

Потсетуваме, “Hyperloop” е концептуален транспортен систем кој би требало да заживее во Калифорнија, а кој се заснова на подвижни капсули кои се наоѓаат во внатрешноста на големи цевки и во кои драстично е променет воздушниот притисок, што овозможува брзо движење.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.