Љубоморен мајмун го претепал чуварот на зоолошката откако се обидел да му ја бакне девојката

Ромео полудел кога Јулија пробала да го бакне чуварот на зоолошката низ саклениот прозор.

Во Украина во градот Лисн, мајмунот Ромео, збеснал од љубомора и го претепал чуварот Сергеј кој сакал да ја бакне неговата девојка, мајмунката Јулија.

Љубоморниот мајмун кога видел дека Јулија го бакнува чуварот преку стакло, почнал да ја удира, а кога чуварот влегол да ја спаси, мајмунот го нападнал и него, при што му одгризал и дел од прстот и увото.

За среќа чуварот успеал да побегне од кафезот и веднаш е пренесен во болница, а сега се наоѓа во стабилна состојба.

Портпаролката на зоолошката рекла дека шимпанзата се многу опасни и дека чуварот не смеел да влегува во кафезот.

Сергеј се грижи за нив веќе шест години и вели дека никогаш не ни претпоставувал дека ќе се случи вакво нешто.

Јулија сакаше да ме бакне преку стаклото, а кога виде Ромео многу се налути, мислам дека ме нападна од љубомора – рекол Сергеј.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.