Љубовта кон татковината не ги напушта: Црвено-жолтите продолжуваат да маршираат (ФОТО)

5

Прилепчани продолжија и вечерва да маршираат “За заедничка Македонија”, за Македонија унитарна, за Македонија во која Македонците нема да станат народ од втор ред.

8

Граѓаните порачаа “73 дена чекориме за Македонија, ќе маршираме уште 10 пати по толку, Maкедонија мора да опстане и да остане единствена. Нема да дозволиме да се гази врз честа на Македонецот и да се поништува неговата посебност”.

4

Прилепчани и вечерва го поздравија претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и неговата одлука да не го додели мандатот на Зоран Заев се додека не се обезбедат гаранции дека платформата од Тирана нема да биде услов за формирање Влада.

6

Прилеп е град на непокорот, град кој секогаш застанувал на браникот на одбрана на државата, така е и денес, во моменти кога се погазуваат уставот и законите на државата, се со цел да се исполни туѓо сценарио, кое ќе значи крај на Македонија каква што ја познаваме.

2 7

“Продолжуваме и утре и секој нареден, се додека не се исполнат нашите барања, а тоа се нови избори за ново изјаснување на граѓаните. Maкедонија е се’ што имаме и ќе ја браниме до крај”, е пораката на прилепчани.

1

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.