Љубовно писмо зафрлено во ѕидот на една куќа на американската сојузна држава Њу Џерси, конечно беше доставено до ветеран од Втората светска војна, 72 години откако било напишано.
Мелиса Фахи и нејзиниот татко пронашле изгубено љубовно писмо во пукнатините под скалите во текот на реновирањето на нивната куќа. На ковертот имало печат од мај 1945 година, а писмото го напишала жена по име Вирџинија за својот сопруг Ролф Кристонферсен, кој бил припадник на Воената морнацира.
Сопственичката на куќата не можела да поверува каква љубов и восхит Вирџинија имала кон својот сопруг, па решила писмото да го испрати на адресата на која било адресирано, јави њујоршката телевизија Ви-Ен-Би-Си.
Мелиса успеала да стапи во контакт со синот на поранешниот морнар кој му го прочитал писмото на својот 96-годишен татко. Вирџинија починала пред шест години.