Војските на Јужна Кореа и САД испалија неколку балистички ракети кон Северна Кореја како вежба на симулација на напад и како знак на предупредување на северниот сосед, јави јужнокорејската агенција Јохап.
Вежбите и симулациите на нападот ги надгледуваше претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин, додава агенцијата.
-Мун во текот на вежбата кажа дека сериозната провокација од Северна Кореја ги навела властите дополнително да реагираат и покажат способност за ракетна одбрана, наведува Јонхап.
Воената вежба е одржана ден откако Северна испали нова балистичка ракета која падна во Јапонското море.
Американските власти потврдија вчера касно вечерта дека Северна Кореја спровела прво тестирање на интерконтиненталната ракета (ICBM).
Поради таа нова ракетна проба, Советот за безбедност при ОН денеска ќе одржи итен состанок на барање на САД.