Јубилеј за почит: 30 години постоење КУД “Пере Тошев“

_MG_5087

Во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“, КУД „Пере Тошев“ вечерва со целовчерен концер, го одбележа својот јубилеј, 30-ет години од своето постоење. КУД „Пере Тошев“ пред публиката го презентира својот богат репертоар на староградски песни и хармонизирани староградски песни и уште еднаш  го потврди своето високо реноме. По повод 30-ет години од постоењето на  КУД „Пере Тошев“ градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески им подари уметничка слика со градскиот саат, како симбол на договечноста на ова КУД. При оваа пригода тој им го честита јубилејот и им посака уште многу јубилејни настапи.

_MG_5084

_MG_5060

-КУД “Пере Тошев “ преставува културен бренд на градот и затоа има огромна поддршка од локалната самоуправа.Уште долго време да опстојуваат и да ја забавуваа, не само прилепската и македонската публика, туку со своите настапи да продолжат и надвор да ја презентираат македонската староградска песна – рече градоначалникот, Марјан Ристески, кој присуствуваше на концертот.

_MG_5049

-Во изминатите години работевме, со голема љубов, ентузијасти, се посветивме максимално на она што го работиме, со единствен цел да ги разнежнуваме срцата на љубителите на староградската македонска песна.Тоа за нас е необично задоволство и гордост –  истакнаа членовите на КУД „Пере Тошев„.

_MG_5033

На јубилејниот концерт, во чест на 30– сет години од постоењето на КУД “Пере Тошев“ настапија и КУД „Моминок“, „Севдах“, гости од Врање и „Прилепски еснаф“.

_MG_5015

Инаку, КУД „Пере Тошев“ е формиран во 1987 година. На почетокот броело 25 члена, во чиј состав имало мешан хор и рецитаторска секција. Сега  КУД „Пере Тошев“ преставува културен музички бренд на Прилеп и брои повеќе од 30-тина членови. Во изминатиот период и досега КУД “Пере Тошев“ учествувало на голем број реноминирани домашни и странски културни манифестации , а за  промовирање на градот,за негување на македонската староградска музика, КУД „Пере Тошев„ е и добитник  на највиското градско признаие, третоноемвриската награда на град Прилеп.

_MG_5040




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.