Колумбиецот Хамес Родригес против Севиља најверојатно го одигра последниот натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ и изгледно е дека ќе се пресели кај Жозе Мурињо.
„Специјалниот“ е силно заинтересиран за Хамес Родригез и е спремен да издвои 75 милиони евра за да го донесе на „Олд Трафорд“. Медиумите тврдат дека двата клуба постигнале начелен договор околку трансферот, но Колумбиецот има еден услов.
Јунајтед мора да ги победи Ајакс во финалето од Европа Лигата бидејќи тоа е единствениот начин „црвените ѓаволи“ да изборат пласман во ЛШ, а Хамес јасно му порача на англискиот клуб дека сака да игра во најелитното натпреварување.
Мурињо во Хамес гледа идеална замена за Вејн Руни, наводно му е понудена и „десетката“, а Манчестер Јунајтед исто така покажува и силен интерес за Гризман и Лукаку.