На 18.12.2016 година во Прилеп спортска сала на СОУ- „Ристе Ристески Ричко“ се одржа Државно Екипно Првенство за Сениори-ки во џудо. Натпреварот беше во организација на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп во соработка со Џудо Федерацијата на Македонија. На истиот во машка конкуренција настапија 3 екипи и тоа: ЏК “Сеишин”-Прилеп, ЏК “Пролетер” Прилеп и ЏК “Миоки” Скопје, додека во женска конкурнеција Екипа имаше само ЏК “Миоки” Скопје која остана без противник.
Во машка конкуренција Првото Место го освои екипата на ЏК “СЕИШИН”-Прилеп, второто “Пролетер”-Прилеп и третото “Миоки” -Скопје. Пехарот остана во рацете на домаќинот и клубот органзиатор “СЕИШИН”-Прилеп кој со својата екипа доминираше на татамите.
Ова е последен натпревар за натпреварувачката 2016 година по кој од страна на натпреварувачката комисија треба да се сумираат севкупните резултати.
ЏК Сеишин – Прилеп до крајот на годината ќе има организација на предновогдишен клубски турнир за најмладите возрасни категории, по што ќе следува кратка пауза во преодниот период во месец јануари.
Стручниот штаб на клубот е задоволен со освоените резултати и им честита на сите свои натпреварувачи за остварените успеси во натпреварувачката 2016.