По повод 2-годишнината од постоењето на Џудо Клубот “Бушидо” и во соработка со O.О.У. “Добре Јованоски” и O.О.У. “Блаже Конески”оваа недела беа демонстрирани боречки техники во овие 2 училишта.
И во двата случаеви младите се запознаа со источните боречки вештини и зедоа активно учество.
Во О.О.У. “Добре Јованоски” настапија со свои техники девојките од овој клуб, каде добија силни овации и аплаузи, додека во O.О.У. “Блаже Конески” имаше заедничка демонстрација помеѓу момците и девојките од клубот.
“Пред се јас како тренер сум задоволен од прикажаното, а им се заблагодарувам на директорите на овие две училишта, Виолета Лашкоска и МаријаДулеска за соработката”, истакна тренерот на клубот Рубин Пеески.