Џудо клуб Бушидо освои осум медали на Меѓународниот турнир во Алексинац

Џудо клуб Бушидо од Прилеп зеде учество на Меѓународниот турнир кој се одржа викендов во Алексинац, Србија. Тргнати со мотото “важно е да се победи, а не само да се учествува” прилепчани се вратија назад со 8 медали.

На турнирот турнирот имаше 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Романија и Бугарија.

Ова се освојувачите на медали: Тамара Илиоска 3 место, Теодора Илиоска 3 место, Елена Малиноска 3 место, Елена Најдоска 3 место, Сара Атанасоска 2 место, Сара Јанеска 3 место, Милена Бозиноска 3 место, Елеонора Илиоска 2 место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.