Џудо клубот “Сеишин” од Прилеп ги избра најдобрите за 2018 година: Нивните борци освоиле 159 медали во изминатата година

На 28.12.2018 година Петок, Џудо Клубот Сеишин-Прилеп го одржа последниот тренинг за 2018 година. На тренингот имаше пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2018 година на ниво на клубот.

Најуспешен натпреварувач на ниво на Клуб е прогласен Јован Најдоски.

Во натпреварувачката 2018 година Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно 8 Државни Првенства со освоени 74 медали, 10 Меѓународни Турнири со освоени 78 медали и 3 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) освоени 7 медали и 1 европски куп без пласман. Имено на овие Првенства освоени се вкупно 159 медали.

“Најзначаен успех е освоеното 2-ро место на Христијан Ѓураков и 3-то место на Александра Најдоска на Балканското Првенство за Сениори и 2-то место во Екипна конкуренција. Исто така на Балканското Првенство за Сениори-ки како членови на репрезентацијата од нашиот клуб беа: Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска”, информираат од клубот.

“Имавме настап и на Европски Куп во Ѓер Унгарија за кадети-ки со натпреварувачката Теодора Димеска, каде не успеавме да освоиме позначителен резултат.

Клубот оваа година организира 2 Државни Првенства и 1 Меѓународен Турнир, 1 Меѓународен Џудо камп за Пионери, 1 Манифестација – Европска Недела на спортот а зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови, 2 спортски манифестации и 2 џудо семинари за стручните кадри.

Исто така оваа година Клубот СЕИШИН беше добитник на ПРЕСТИЖНАТА 3 Ноемвриска награда доделена од Општина Прилеп за посебни заслуги од областа на спортот а ги одбележа и двата јубилеја 15 години од формирањето на клубот и 10 години од Меѓународниот Турнир „Прилеп Град Херој-2018“ кој стана препознатлив во Балкански рамки.

Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2019 година.

Планираме програма со поинтензвни настапи на Меѓународно ниво”, додаваат во соопштението од ЏК “Сеишин” од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.