ЏК „Бушидо“- Прилеп на прием кај градоначалникот Ристески

_MG_2378

По завршување на Државното првенство во џудо, каде домаќините ги заслужија сите епитети за извонредната организација, а нивниот влог вложи со плод и на татамите, каде беа целосно доминантни и освоија 11 медали од 18 натпреварувачи (2 златни, 2 сребрени и 7 бронзени ), заслужено ја посетија општина Прилеп и оставрија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Градоначалникот Марјан Ристески ги прими наградените џудисти, честитајќи им за постигнатиот резултат и посакувајќи им многу успеси и понатаму.

_MG_2332

„Задоволство ми е што овие прекрасни дечиња имаат донесено многу награди, а самиот клуб „Бушидо“ има постигнато многу успеси за овие три години постоење“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во неговата изјава.

_MG_2346

Децата – џудисти, со големи импресии зборуваа за настаните:

„Многу се радуваме кога ќе освоиме некое место, редовно тренираме, се дружиме и многу сме задоволни од досега постигнатите успеси“, посочија во изјавата.

На ова првенство настапија вкупно 187 натпреварувачи од клубовите во  Р. Македонија, а организатор беше прилепскиот клуб “Бушидо”.

_MG_2339

Прилепскиот клуб “Бушидо”  е во постојан подем, а резултатите не се изненадување кога ќе се има во предвид целосната посветеност и напор во работењето. Претходно џудистите од “Бушидо” беа целосни победници на меѓународен турнир во Војводина, Србија.

_MG_2338

Во продолжение следат постигнатите резултати, постигнати од овогодинешното  Државно првенство во џудо:

Сениори:

–  60 кг

1.Никола Велески – Пролетер

2.Јордан Ѓорѓиески – Пролетер

3.Резарт Хусеини – Ипон

3.Горан Крстановски – Миоки

– 66кг

1.Борче Ангелов – Пролетер

2.Марио Тошески – Сеишин

3.Мартин Тодорчески – Сеишин

4.Хамза Јашари – Миоки

73кг

1.Владимир Стојаноски – Пролетер

2.Еди Шерифовски – Миоки

3.Дурим Шакири – Ипон

4.Ангел Динов – Миоки

– 81 кг

1.Артан Рушити – Миоки

2.Омер Зендели – Работнички

3.Никола Станоев – Кожувчанка

3.Марко Паноски – Пролетер

– 90 кг

1.Бобан Глигуроски – Сеишин

2.Андреј Чакаровски – Дрим

3.Стојанчо Стојчев – Миоки

 

– 100 кг

1.Един Дураковиќ – Работнички

2.Бобан Савев – Миоки

3.Семир Авдиќ – Ипон

+ 100кг

1.Филип Јовески – Ипон

2.Ариф Сејди – Ипон

3.Александар Алексов – Гладијатор

3.Филип Макалоски – Пелистер

 

Сениорки:

 – 48 кг

1.Теодора Димеска – Пролетер

2.Теодора Ристеска – Бушидо

3.Марија Талеска – Бушидо

52кг

1.Наталија Динова – Миоки

2.АнаМарија Трајческа – Пролетер

3.Ивана Никодиновска – Миоки

– 57кг

1.Берна Шерифовска – Миоки

2.Ана Димитровска – Миоки

3.Христина Дескова – Миоки

4.Ивана Кормушоска – Пролетер

– 63 кг

1.Амра Фејзула – Ипон

2.Катерина Николоска – Миоки

3.Александра Макеска – Пролетер

– 70 КГ

1.Ангела Велковска – Моки

2.Магдалена Бојаџиска – Миоки

– 78 кг

1.Анастасија Качаниклич – Ипон

2.Стефани Ивановска – Миоки

+ 78кг

1.Александра Најдоска – Сеишин

2.Драгана Савева – Гладијатор

Во машка конкуренција по една титула освоија џудистите на Миоки (2 сребра и 4 бронзи), Сеишин (по 1 сребрен и бронзен медал, Работнички (1 сребрен) и Ипон (1 сребрен и 3 бронзи), натпреварувач на Дрим освои сребрен, а со бронзи зе закитија џудоките од Кожувчанка, Пелистер и Гладијатор.

Најголемото изненадување на женскиот дел од турниурот го направи Амра Фејзула (-63 кг) која ја совлада олимпијката Катерина Николоска.

Во женска конкуренција евидентно беше малиот број на натпреварувачи, посебно во категориите -70, -78 и +78 кг имаше по две натпреварувачки, во -52 и – 63 по три.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.